Thursday, 21 September 2017

Се реновира Народниот Музеј во Свети Николе

Народниот музеј во Свети Николе е сместен во зграда која е Споменик на културата заштитен со закон во центарот на градот од 2002 година. Годинава, за прв пат се превземаат посериозни мерки за заштита на овој стар објект. По склучениот договот помеѓу ОУ Народен Музеј Свети Николе и Здружението на граѓани Минерва тим – Свети Николе минатата година, беше потпишан меморандум за соработка и се започна со првиот проект “Преку енергетска заштита до подобро заштитено културно наследство во Музејот”.

naroden muzej sveti nikole

Бидејќи Музејот се наоѓа во зграда која е споменик на културата заштитен со закон, преку НУ Завод и Музеј – Штип беше поднесен проект и апликација до Управата за заштита на културно наследство за добивање на одобрение за вршење на потребните дејности за заштита. Одобрението е добиено успешно, а реализацијата е во тек и се очекува да заврши до крајот на јуни годинава. Беа одобрени 230,000 денари од Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, кои веќе се користат за промена на надворешната столарија и поставување на метални решетки на вратите и прозорите на првиот спрат на Музејот. Веќе е сменет поголем дел од осветлувањето внатре, а старите прозори се менуваат со нови, кои ќе го имаат истиот изглед како во минатото, но ќе бидат енергетски ефикасни според сите стандарди, со што значително ќе се намалат трошоците за затоплување. Во тек се и поправките за заштита од влага и поставување на хидроизолација на потребните места во зградата. Најголем предизвик за во иднина останува обезбедување на средства за фасада и надворешно осветлување на оваа институција. Годинава за прв пат беше објавена книга за локалитетот Градиште кај селото Кнежје, каде што се претпоставува дека била престолнината на независните Пајонци – огромниот антички град Билазора. По повеќе од три децении постоење, Народниот Музеј годинава ја заврши евиденцијата согласно правилниците за музејска дејност, со што конечно има јасен увид во културното богатство кое што се чува во Музејот.

 

Н.Р.

ЛОЗА 2016

читај – Народен Музеј Свети Николе (клик)