Sunday, 22 October 2017

Свети Прохор Пчински од Ерџелија, Овче Поле

Покрај реката Пчина имат едно село на име Пчина и од селото, можеби, да имат земено име реката Пчина. Над селото горе имат еден чудотворен манастир, кај што је закопан Свети Прохорија од илјада години и горе.

Имало едно овчарче од селото Ерџелиј од Овче Поле (под Штипска каза). Татко му и мајка му на Прохориј ги викале Јоан и Марија. Прохорија отишол еднаш во Штип на пазар и, бидејќи бил многу кроток и набожен, влегол в црква да се молит Бога. Во таа недела беше се рекло Евангелието: „Кој што сакат да се спасит, нека кренит крстот на рамо и нека идит по мене“.

Откога го чул Прохориј Евангелието, беше му се распалило срцето и прао ти отишол во Пчинската Планина та си влегол во една пештера и таму си постил многу години. Посницата и ден-денеска стоит, одат народ и свеќи палат, земја земаат за лек. Тамо живеал зиме, лете, во најголемите студеи и мразеи без да го знаат луѓе…

читај – Свети Прохорија од село Ерџелија

Времето на Прохор Пчињски

По стапките на пустиножителите

Српската окупација на манастирот Прохор Пчињски

Како и зошто го изгубивме “Прохор Пчински”?