Monday, 21 August 2017

Светилникот во Александрија

 

Светилникот во Александрија е едно од седумте светски чуда од времето на македонската династија. Бил изграден околу 290 година п.н.е. на островот Фарос, блиску до градот Александрија во Египет. Бил разрушен во 1375 година од земјотрес. Денес на истото место има тврдина наречена Каинт Беј.

Кога Египет бил заземен од страна на арапите, Александрија била опустошена, а нејзиното богатство било разграбено. Светилникот продолжил и за нив да има големо значење и покрај тоа што престолнината на Египет била преместена во Каиро. Во земјотресот од 956 година п.н.е. светилникот бил минимално оштетен. Но, со оглед на специфичната положба на Светилникот, следувале серија од силни земјотреси и тоа во 1303 и 1323 година п.н.е. во кои скоро бил разрушен. Според кажувањата на султанот Мамелук, во самиот град заедно со неговата војска не можел да влезе поради рушевините од самиот светилник, затоа на истото место тој изградил тврдина.

Светилникот претставувал кула со височина од 134 метри и на времето бил еден од највисоките конструкции, создадени од човекот. Архитект на Светилникот е Сострат Книдски. Градењето на светилникот траело околу 5 години. Објектот бил на три ката. Бил изграден од бели камења и со трегери.

Долниот дел од Светилникот бил во форма на квадрат со плоштина од 8,5 м2. Четирите ѕидови му биле обрнати во насока на четрите страни на светот. Првиот спрат бил висок околу 57,7метри, вториот кој бил во форма на осмоаголник имал височина од 27 метри. На врвот била поставена статуа на Посејдон со височина од 7 метри.