Tuesday, 21 November 2017

Како помина третиот мото собир во Свети Николе (видео)

Цела седмица по третиот мото собир во Свети Николе, во ова мало градче сеуште се зборува за настанот кој беспрекорно го организираше Мото клубот Свети Николе, поддржан од Меѓународниот славјански универзитет, Локалната самоуправа и повеќе стопанственици. Тој ден во Свети Николе буквално се испразнија продавниците, од толку многу народ често не работеа мрежите на мобилните телефони, се продаде целиот бурек подготвен за следниот ден, а во новиот парк се изеде скоро пола тон месо и се испија повеќе од шест тона пиво. Светиниколчани веќе гласно си бараат простор на отворено каде што во иднина почесто ќе се организираат концерти и убави настани. Летото што доаѓа е вистинско време за културните настани да зачестат и да го олеснат секојдневието на граѓаните.

motoklub sveti nikole

Погледнете го видеото од Sky Zone GP:

Претходно:

Еден куп мотори и многу народ во Овче Поле (видео од дрон)

Третиот мото собир во Свети Николе (фотографии)

Интервју со Мото клуб Свети Николе