Интернационалното знаме на планетата Земја

Идејата за официјално знаме на целата планета Земја официјално потекнува од 70тите години на минатиот век. Концептите кои што се развивале низ децениите ги опфаќаат политичките, спиритуалните и еколошките аспекти на планетата. Иако сеуште нема официјално избрано знаме за целата Земја, пред еден месец американската НАСА го поддржа предлогот на шведскиот студент Оскар Перфнелдт.

mars-planet-earth-flag

Целта им е ова знаме за почеток да биде користено во следните мисии на Марс.

planet-earth-flag

Официјалниот веб-сајт вели – Сегашните експедиции во вселената користат национални знамиња, во зависност од тоа кој го спонзорира патувањето. Вселенските патници сепак претставуваат нешто повеќе од обични претставници на нивните држави, тие се претставници на планетата Земја. Знамето треба да се користи за репрезентирање на планетата Земја, а треба да ги потсети Земјаните дека сите ја делиме истата планета, без разлика на националните граници. Треба да се грижиме како едни за други, така и за заедничкиот свет.

planet-earth-symbol-05

Види – Цветовите од Овче Поле

Leave a Reply