Thursday, 17 August 2017

Жив, жив е цар Александар Македонски

Синот на Филип Македонски, најголемиот војсководец, освојувач и визионер во историјата на човештвото, Александар Трети Македонски, според официјалните историски податоци починал на 10/11 јуни 323та година пред нашата ера во Вавилон. Околу 40ина дена пред да наполни 33 години.

Некои од историските извори ни пренесуваат дека откако кон крајот на мај ги извршил последните подготовки за враќање во Македонија, по една вечер со своите генерали (десетина дена пред да почине), легнал болен во постела и секојдневно бил со влошено здравје, за на кобниот ден да испушти душа. Според едни, умрел заразен од маларија, според други – бил отруен, но според некои – Царот воопшто и не умрел.

читајте – Вечниот дух на Александар и Македонија

king1