Saturday, 19 October 5343

Вечна виша сила

Ја видов смртта како надворешна сила која му ја отвора пукнатината на твојот пријател. Секој од нас има енергетска пукнатина под папокот. Таа пукнатина, која врачевите ја нарекуваат отвор, затворена е кога човек е при полна сила. Во окото на врачот, во нормални околности, може да се препознае видливиот губиток на боја во обично белиот сјај на светлосната кугла. Но, кога човекот е блиску до смртта, отворот станува сосема видлив. 

Да бидеш буден не значи да бидеш внимателен,

туку да бидеш свесен за она од што е создаден секојдневниот свет.

Врачевите понекогаш одат на патувања. Тогаш ништо не е важно освен она што можат да го впијат со сопствените очи. Врачевите никогаш не зборуваат туку така. Разликата меѓу тебе и мене е во тоа што јас воопшто немам време и делувам во склад со тоа сознание. Ти, пак, веруваш дека имаш неизмерно многу време и делуваш во склад со тоа. Крајниот резултат на моето и твоето однесување е дека јас внимавам што ќе кажам и што ќе направам, а ти не внимаваш. Тоа што го чувствуваш е вкусот на бесконечноста. Знам, затоа што и самиот минав низ тоа. Би сакал да побегнеш, да се стопиш со нешто чивечко, топло, полно со противречности, нешто глупаво, не е важно какво. Би сакал да заборавиш, но бесконечноста тоа не ти го дозволува. Таа те зграпчи со своите немилосрдни канџи.

Тагата за врачот не е лично чувство. Тоа не е само тага, туку бран од енергија кој доаѓа од длабочините на вселената и влегува во врачот кога може да прими, кога е налик на радио способен да ги фати радиобрановите. Старите врачеви кои потполно го совладале царството на магијата и ни го оставија целото свое знаење, веруваа дека во вселената постои тага, како сила, како состојба, налик на светлото, налик на намерата, и дека таа вечна сила посебно делува на нив. Таа за нив е апстрактна. Таа не доаѓа од внатре. Таа доаѓа од бесконечноста. Тагата што ја чувствуваш тежнее кон тоа.

 

– од Активната страна на бесконечноста, Карлос Кастанеда

Аквариус 2008