Wednesday, 19 October 5538

Симулакрумот е вистинитост

Симулакрумот  не е никогаш она што ја крие вистината, туку вистината прикрива дека ја нема.  Симулакрумот е вистинитост.

Еклезијаст

Живееме во еден свет кој има сè повеќе информација, а сè помалку  смисла.

IMG_0006

Ќе поставиме три  претпоставки за тоа:

–          Или  информацијата не произведува смисла  (негентропски фактор), но не успева да ја надомести грубата загуба на значењето во сите аспекти. Колку и да инјектираме, со помош на медиумите, пораки и содржини, загубата, исчезнувањето на смислата се случува побрзо од нејзиното  пов торно инјектирање.  Во тој случај, треба  да се повикаме на една продуктивност на базата , за да се заменат  немоќните медиуми. Тоа е сета идеологија на слободниот збор ,  на медиумите демултиплицирани во безброј индивидуални клетки на имитирање, па и на антимедиумите (радио пирати, итн ..)

–          Или информацијата  нема никаква врска  со значењето . Тоа е нешто  друго, операционен модел со поинакв априрода, надвор од смислата и од кружењето на смислата во прецизната смисла на зборот. Тоа е хипотезата на Шанон : онаа за една информациска сфера која е чисто инструментална, технички медиум, не подразбирајќи никаква целесообразност на смислата и, значи, која не треба да биде опфатена со некакво вредносно просудување. Тоа е еден вид кој, како генетскиот: тој е она што е, тоа така функционира, смислата е нешто друго, доаѓа од отпосле на некој начин, како за Моно во случајноста и неопходноста. Во тој случај, не би постоела никаква значајна  врска меѓу инфлацијата  на информацијата и дефлацијата на смислата.

–          Или пак, напротив, постои строга и неопходна корелација меѓу двете, дотолку повеќе што информацијата директно ги уништува  или ги неутрализира смислата и значењето. Загубата на смислата  е непосредно поврзана со расудувачкото, со разубедувачкото дејство на информацијата, на медиумите и на масмедиумите.

таму, каде што мислиме дека информацијата создава смисла, всушност, се случува токму спротивното.    

– од СИМУЛАКРУМИ И СИМУЛАЦИЈА, Жан Бодријар, МАГОР 2001