Tuesday, 21 November 2017

Со благ благувам, со враг врагувам – мера според мера

Пејо К Јаворов – Мера според мера

на Гоцета Делчев

Ден ли денам – кат е некој таен,

ноќ ли ноќам – пат е малку знаен;

немам татко, ниту мајка –

татко да ме кара!

Мајка да ме бара…

Леле моја,

ти Пирин Планино!

Море црно

цариградско вино.

Враг кон врагот – мера според мера,

благ кон благи – за верата вера;

немам братец, ниту сестра –

братец да ме фали,

сестрата да жали…

Леле моја,

сабјо што ме бодриш,

море лута

ракијо од Одрин.

Господ бдее, над нас нека бдее,

царот цар е – вечно цар ли ќе е?

Немам либе, првна љубов, –

мене да ме чека,

насолзено пека…

Леле моја, огнебојна пушко.

Море тенка,

ти солунска друшко.

 

 

од книгата

Пејо К Јаворов – Одбрани Творби

избор, превод и предговор

Гане Тодоровски