Tuesday, 25 July 2017

Книги од Пулевски

Приврзаник на идеологијата дека и античките Македонци биле Словени, особено внимание посветува на историјата на македонската династија и посебно на Филип и на Александар, создавајќи ја и првата македонска верзија на „Александридата”. Не се пронајдени неговите најавени ракописи: Родословница, Речница, Народна песнословница, Смисленица и Обичаи и песни југословенски.

Како претходник и современик на „лозарите”, ја организира првата позната книжевна асоцијација Словенскомакедонската книжевна дружина (Софија, 1888) што имала цел „да ја прероди народната македонска литература”. Со своето учебникарско, лексикографско, филолошко, литературно и историографско национално дело и со учеството во војните и во востаничко-револуционерното движење Пулевски стана меѓник меѓу две епохи од македонската историја: ги набележа националните задачи врз основа на културно-историското наследство, ги истакна потребите на својата современост и очекувањата за иднината на Македонија.

Биографија од Македонска Енциклопедија

Речник от три језика

Славянско населЬениски-македонска Слогница Речовска за исправуванЬе, правословки-язическо-писание

Речник от четири јазика

Дигитална библиотека при НУБ “Св. Климент Оxридски“ – Скопје