Ова што е долу, е исто со она што е горе

Смарагдната табла е алхемиски текст кој го претставува наjкраткиот и најјасниот опис на Големото Дело. Според легендата овој текст го пронашле војниците на Александар Македонски во внатрешноста на големата пирамида во Гиза. Таму се наоѓала и гробницата на Хермес, кој најверојатно со дијамантско шило на тенката смагардна плоча ги врежал неколкуте редови кои го содржат следниот текст, според преводот на современиот алхемичар Фулканели:

Ова е вистина, без лага, права и веродостојна: она што е долу, исто е со она што е горе. Со тие работи се создаваа чуда и сите потекнуваат од една работа. И бидејќи сите нешта потекнуваат од Едното со посредство на Едниот, така сите нешта се создадени од таа единствена суштина со нејзино преобликување.

hermes as above so below

Сонцето е татко, Месечината е мајка. Ветрот го внел во нејзиниот стомак. Зeмјата е неговата хранителка и негово засолниште. Татко на севкупноста, Телем на сеопфатниот свет се ноѓа овде. Неговата снага и моќ остануваат целовити доколку се пробразат во земја. Ќе ја одвојуваш земјата од огнот, тенкото од дебелото, полека, со голема вештина. Тој се издига од земјата и се симнува од небото, впивајќи ја силата на сето она што е горе и сето она што е долу. Ти на тој начин ќе ја стекнеш славата на овој свет и сите мрачни сили ќе исчезнат од тебе.

Тоа е сила, засилена со севкупната сила и таа ќе ја победи секоја најпрефинета работа и ќе продре и низ најцврстите препреки. Така е создадeн светот. Од тука ќе потечат сите облици прилагодени на овдешниот начин.

И затоа мене ме нарекоа Хермес Трисмегист, бидејќи сам во себе ги носев трите дела на универзалната филозофија.
„Ова што го кажав за Сончевото дело, веќе е довршено.“

As-above-so-below

Читајќи го овој текст човек на ги има на ум погоре наведените потешкотии. Мора да се признае дека текстов е неразбирлив за профаните. Сепак, ќе напоменеме дека знаците и противзнаците на 18 степен на стариот и прифатен Шкотски обред (Суверениот кнез на крстот на розата) е пластична илустрација на реченицата која стои на самиот почеток на Смарагдната таблица: „тоа што е горе, е исто со тоа што е доле…“

12369161_987117231348082_577642622483717806_n

Текстот на Смарагдната таблица се наоѓа и на дното на четвртата гравура на Јанитос Пансофус,на чија десна страна се гледа гола Богородица, која на својата лева дојка ја носи првата четвртина на полумесецот, а на десната, ѕвездата со седумте краци од каде произлегува трагата на млечниот пат, слична на опашка од комета.

Во овој контекст,исто така треба да се спомне и „Тајната книга на настанувањето“ објавена под името на Аполониус од Тијана, чиј текст завршува со „Смарагдната табла“.

101

freemasonic-as-above-so-below

 

– од Речникот на слободното ѕидарство.

Leave a Reply