Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876

Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876
Протести во Свети Николе (фото) | ЛОЗА
Tuesday, 21 November 2017

Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876

Протести во Свети Николе (фото)

За прв пат годинава, во градот на Свети Никола беа организирани собири на граѓани. Групата поддржувачи на ГДОМ беше пред градската општина, а активистите на Протестирам пред спортската сала “Цар Самуил”. Забележливо беше зголемено полициско присуство, а освен повремените скандирања, не дојде до никаков инцидент. Групата на Протестирам се упати кон судот во Свети Николе, и на враќање само се разминаа со полицискиот кордон и собирот на ГДОМ, кои целото попладне го поминаа пред зградата на локалната самоуправа. Останатите граѓани попладнето го поминаа мирно, шетајќи се по градскиот парк или одмарајќи во неколкуте угостителски објекти, а голем дел од нив, како што е редот – фаќаа сеир. Вечерва во Свети Николе настап има ансамблот за народни игри и танци – Танец од Скопје, па некои Светиниколчани вечерта ќе ја поминат со музиката и ората на традиционалниот македонски фолклор, а за скоро сите останати ова беше уште еден ден кога едвај се крпи крај со крај.

Дедо Варадин, ЛОЗА 2016

DJI_0069

DSC09674 DSC09677

DSC09702 DSC09680 DSC09682 DSC09683 DSC09685 DSC09690

DSC09718DSC09725DSC09727

DJI_0010 DJI_0025 DJI_0033 DJI_0042 DJI_0043 DJI_0084

DSC09711 DSC09722 DJI_0127 DSC09689

DJI_0073

фотографии – Никола Ристевски (ЛОЗА) & Дуле Јанев (Фото Кис)