Wednesday, 26 September 7134

Прва македонска книга за Градиштето кај Кнежје

Почитувани, во петок на 03 јуни 2016 во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин” во Свети Николе, ќе се одржи промоција на книгата “Античка Билазора – престолнина на Независните Пајонци” од Проф. Д-р Драги Митревски.
Поканети се сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на презентирањето на првата книга издадена од Народниот Музеј на Свети Николе во соработка со МСУ “Г.Р. Державин”.

POSTER
Во книгата се сумирани досегашните археолошки истражувања и се презентирани резултатите од истите. Добредојдени сте од близу да се запознаете со фактите за археолошкиот локалитет Градиште кај селото Кнежје – античка Билазора. На настанот ќе биде промовирана и новата Веб страница за локалитетот, како и теренската школа за млади Археолози-Билазора , која годинава ја посетија студенти од Руската федерација.

fb event – https://www.facebook.com/events/226913407693366/

неофицијален fb профил – Bilazora Sveti Nikole

bylazora1 bylazora2

наскоро – www.bylazora.mk

Untitled