Wednesday, 19 October 5594

Мајките на Султаните

Книгата на Али Кемал Мерама “Мајки на Султаните” (“Padišah Analari”) е посветена на помалку познатите детали и историски настани од епохата на владеењето на сите османлиски султани, почнувајќи од првиот – Осман, по кого Империјата беше именувана, до последниот – султанот Мехмед IV познат под името Вахдетин.

Во книгата посебно се истакнува фактот дека ниту една од мајките на турските султанине не била Турчинка, ниту пак родена како муслиманка, туку сите биле од грчко, бугарско, српско, еврејско, руско и француско потекло.

Пет од овие жени биле Еврејки, од еврејско потекло, а некои од нив, како Хурем Султана, имаа големо влијание не само на она што се случува во Топкапи палатата, која била официјална царска резиденција, но исто така и на внатрешната и надворешната политика на Империјата .

1.  По историско-хронолошкиот редослед, првата Еврејка која стана жена на султан, била Ајша Хафиза (1479.-1534.).

Таа била родена под името Хелга. Станала жена на султанот Јавуз Селим I и мајка на најпрочуениот султан на Отоманската империја – султанот Сулејман I Кануни, познат уште како Сулејман Величествениот

Ајша Хафиза е прва жена која ја понесува титулата Султанија (“мајка на султанот” или на турски Валиде Султан), со што и се овозможува поголемо учество во поделбата на власта и моќта. Таа е иницијатор на изградбата на комплексот во Маниса, кој вклучува џамија, основно и средно училиште и болница.

По качување на престолот на нејзиниот син Сулејман, Ајша добива титула Султанија Мајка – Валиде Султан. За време на неговото 46  годишно владеење,  турската империја се проширува од 6.557.000 км2, колку што имала во моментот на смрта на неговиот татко султанот Јавуз Селим, на 14.893.000 км2.

Нејзиниот син се советувал со неа честопати и го почитувал нејзиното мислење. Таа починала во март 1534 година, во 55 година од својот живот и била погребана во гробницата (турбе) која се наоѓа во џамијата што го носи името на нејзиниот сопруг султанот Селим, во Истанбул.

2. Интересен е фактот дека и жената на Сулејман Величествениот била Еврејка – Хурем Султана (1506. -. 1558).

Хурем Султана била родена во Полска, како Александра Лисовска, а во источниот свет е позната како Рокселана.  Нејзиното  турско име во превод значи – “среќна, весела жена.” Таа била највлијателна султанија во 600-годишната историја на турската Отоманска империја. Оставила значителен белег во политиката, како во самата империја, така и надвор од неа.

Додека сеуште била мала, таа била грабната на територијата на Украина и поклонета на турскиот двор. Неа ја поклонил Кримскиот гувернер. Со својата убавина, интелигенција и способност, таа го привлекла вниманието на султанот, по што ја стекнала неговата доверба и пријателство. А потоа се омажила за него. Тоа била единствената жена со која султанот Сулејман стапил во брак на званичен-официјален начин. Со тоа таа се здобила со почесно место меѓу жените во харемот на султанот.

Хурем му родила пет деца на Сулејман. Еден од нејзините синови, Селим II, по смртта на Сулејман  Величенствениот, го наследува престолот  и постанува султан. Меѓутоа Хурем, не го доживеала чинот на именувањето и поставувањето на нејзиниот син за султан. Таа починала на 18 Април 1558 година, на 52 години и била погребана во мавзолејот на Сулејмановата џамија во Истанбул.

Хурем или Рокселана била инспирација за многу уметници. Познатиот Јозеф Хајдн на Хурем  и ја посветил својата симфонија бр 63, а таа е главен лик во операта на композитор Денис Сишински. Еден од нејзините најпознати портрети се наоѓа во Италија, во галерија Уфици во Фиренца. И на Балканот нејзиниот лик преставува тема и се обработува во театарската престава и романот на Радован Самарџиќ – “Сулејман и Рокселана”.

3. И жената на синот на султанијата Хурем, гореспоменатиот султан Селим II, била исто така Еврејка – султана Нурбана (1525. -. 1587).

Родена како Рахаела, таа исто така била грабната од пирати кога имала околу десет години. Откако била грабната, таа била продадена на познатиот пазар за робови во Пери. Неа ја купил еден трговец со робови од Истанбул. Од него, заедно со други девојчиња на нејзина возраст, за харемот ја откупува султанов службеник. Рахаела била слаба, но со своето однесување и интелигенција, оставила силен впечаток султанијата Хурем. Со цел да се стекне со добро образование, султанијата ја испратила Рахаела во Маниса. Кога по неколку години Хурем ја посетила Маниса, каде девојките се образувале и обучувале за да служат во харемот, единствено Рахаела и го привлекла вниманието со својата убавина. Можно е симпатијата да произлегувала од нивното заедничко еврејско потекло. Но, тоа било одлучувачко за Хурeм, која решила Рахаела да биде сопруга на еден од нејзините синови. Токму Хурем и го дава името Нурбана, кое на турски значи „кралица на божествената светлина која сјае“. Желбата на Хурем најпосле се исполнила, а Нурбана се омажила за нејзиниот син Сари Селим (наречен жолтиот Селим, бидејќи имал жолта коса)

Иако за прв пат, Селим ја видел Нурбана на денот на свадбата, тој многу ја засакал. Тој и пишувал песми, кои денес се сметаат за најубавите во отоманската литератира. Со текот на времето, откако сите негови браќа починале, се случи нешто за кое се веруваше дека е невозможно. По 46 години владеење, починал неговиот татко Сулејман Величествениот.  На престолот на Турската империја се искачи султанот Селим II, а неговата сопруга Нурбана постана султанија. И таа се стекна со титулата Султанија Мајка, откако за време на животот доживеала нејзиниот син Мурат III да стане султан.

Меѓу 1570 – 1579 години, таа ја изгради џамијата Атик Валиде во Истанбул. Нурбана починала на  7 Декември 1587 година, во 62 година од животот и била погребана во Света Софија, во мавзолејот на Селим II, во Истанбул.

4. Султана Хатиџа Кадија Муазес (- 1687).

Таа била сопруга на султанот Ибрахим I и мајка на султанот Ахмед II. По потекло била Еврејка од Полска, а нејзиното вистинско име било Ева. Бидејќи не доживеала нејзиниот син да седне на престаолот, не се стекнала со титулата Султанија Мајка. Погребана е во џамијата мавзолеј на Сулејман Величествениот во Истанбул.

5. Безмиалем (Безм – и Алем) султанија (1807 – 1853.),

Таа била жена на султанот Махмуд II и мајка на султанот Абдулмеџит. Нејзиното име во превод значи “рај на земјата”. Таа била по потекло од Русија и нејзиното родено име било Сузи. А името на нејзиниот татко било Леон.

Султанијата Безмиалем, која исто така ја стекнала титулата Султанија Мајка, била една од најактивните во историјата на Отоманската империја. Иако лично не се мешала во државните работи и не сакала да биде политички активна, имала многу важна улога како советник на својот син султанот Абдулмеџит.

Според историските податоци, Абдулмеџит многу ја сакал својата мајка и со неа за сè, се  консултирал, па дури и изборот на неговите министри. Кога нејзиниот син Абдулмеџит станал султан, тој имал 16 а таа 32 години.

Султанијата Безмиалем била многу ценета и почитувана поради помошта која ја давала на сиромашните и оние кои имаа потреба од неа. Таа помогнала да се изградат многу важни зданија во Истанбул како што се: Челет Дилкус – летниковецот во палатата Јилдиз, голем број на јавни чешми во Мачка, Топкапи, Јилдиз, болницата во Гуреби и други.

Улогата на Султана Мајка (Valide Султан) ја исполнуваше полни 14 години, се до нејзината прерана смрт,. Починала на 2 Мај 1853 година во палатата Долмабашче во 46 –тата година од животот. Таа била погребана во мавзолеј на Махмуд II, во Диванџоли, во Истанбул.