Sunday, 22 October 2017

Лозарите и Александар Македонски

Во весникот Македонија на Коста Шахов, број 4, Русе, од 11 ноември 1888 година, во непотпишаниот уводник, секако од перото на самиот редактор – тогаш 26 годишниот Коста Шахов, се повлекува мислата:

Секој Македонец, приспомнувајќи си за Александра Македонски, вели – Ние сме го имале цар Александар Велики. 

Со овие зборови, тој си го наумува блескавиот период и величието на македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на Македонецот како национална гордост.

– Тодоровски, Гане: “Македонија” на Коста Шахов, 1965