Monday, 25 September 2017

Сè во природата е љубов

Вие ја барате љубовта? Во ред, но потрагата ви е постојано таму каде што и сите останати ја бараат, во едни и исти познати, наследени од нашите предци, привидно фантастични места – а таму таа не постои во целата си полнота. Сепак може да соберете некакви трошки и капки, но тие не се доволни да ја заситат и угаснат жедта и гладот на оние, кои што би сакале да испијат цел океан од љубов. Така да, тие што се жедни треба да отидат и да ја побараат на друго место.

Зошто е неопходно да трагате по еден маж или жена, за да ги искусите чувствата на љубовта? Ете од тука започнуваат ограничувањата, тешкотиите, зависноста. Дури и вистинските, големи Учители не можат да живеат без љубов, но тие ја тражат, наоѓаат и примаат од просторот, по што ја раздаваат на оние кои што се околу нив. Тие постојано се потопени во љубов. Тие дишат љубов, јадат љубов, созерцуваат љубов, мислат непрекинато за љубов. Ете зошто на нив не им е неопходно да чекаат некоја жена или некој маж да им ја даде. Тие ја имаат, таа е во нив, таа ги исполнува. Зар тоа не е чудесно? Зошто да отидат и да трагаат насекаде? Зошто да го рушат чувството на совршена исполнетост?

Јас не сум против љубовта, напротив, само ви велам дека треба да се научите да ја барате насекаде, затоа што таа навистина е насекаде. Таа е како росата! Што претставува росата? Тоа се водни испарувања кои што го исполнуваат воздухот, остануваат невидливи до утрото, кога се кондензираат и ги покриваат растенијата и предметите. Да, росата не е нешто друго, а еден вид на кондензирана љубов. А што претставуваат сончевите зраци, ако не потоци од љубов? Сè во природата е љубов.

од

Михаил Иванов

Сексуалната сила 

или

Крилестиот змеј