Дали и тоа е од љубов?

На прв поглед изгледа тешко да ја разликуваме сексуалноста од љубовта. Сè доаѓа од Бог, и секое едно нешто кое се пројавува преку човекот во форма на енергија, го носи во себе своето божествено потекло. Таа енергија се пројавува различно, тоа сепак зависи од самиот човек кој што станал нејзин проводник и ние можеме да ја поистоветиме со електрична енергија. Луѓето сеуште немаат доволно познавање за карактеристиките на електрицитетот. Кога таа енергија поминува преку лампата, се претвора во светлина. Кога поминува низ грејно тело – во топлина, низ електромагнет – магнетно поле, а во вентилаторот се манифестира преку движење. По сосема истиот начин постои една космичка сила, која што прима еден или друг аспект во зависност од органот на човекот преку кој што се пројавува. Преку мозокот таа се претвора во разум, размисла. Преку сончевиот сплит, или центарот Хара – во сензитивност и чувства.  Кога преминува преку мускулниот систем, се претвора во движење. А кога преминува преку гениталиите, таа се претвора во сила која што е привлечна за спротивниот пол. Во сите овие пројави дејствува една и иста енергија.

Сексуалната енергија доаѓа од високо и преминувајќи преку гениталните органи произведува сензации, возбуда, желба за зближување, па сепак е возможно во сите тие манифестации да не откриеме ниту капка љубов. Кај животните е така. Во определени периоди од годината тие се собираат, но дали го прават тоа од љубов? Често дури и се убиваат меѓусебно. Женските кај богомолките и некои други инсекти, на пример, после актот го распарчуваат машкиот претставник на видот. Дали и тоа е од љубов?

продолжува 

– oд Сексуалната сила или Крилестиот Змеј, Михаил Иванов 

Leave a Reply