Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876

Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876
Крилестиот Змеј | ЛОЗА
Tuesday, 21 November 2017

Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876

Крилестиот Змеј

Во традициите на сите народи, од нивните приказни и митови можеме да го откриеме лицето на змејот или драконот, кој што во различните култури симболизира скоро едно и исто нешто. Во безброј приказни се говори како змеј одвлекува прекрасна, чиста и невина принцеза и како ја држи затворена во некаков замок. Несреќната принцеза плаче и го моли Небото да и испрати спасител, но змејот ги убива сите оние кои што се дрзнуваат да ја спасат. Откако ги убива, ги граба нивните богатства и ги трупа во подземјето на својот замок. Сепак на крај пристига најубавиот, најблагородниот и најчистиот принц, на кој што една маѓосница му ја открива слабата точка на змејот – во кој момент може да го врзе, прободи, победи – и добро вооружениот принц, на крај излегува победник. Принцезата е ослободена и…какви бакнежи, какви прегратки! Убавиот рицар-принц, благодарение на својата умешност и чистина е победник во таа битка и сите богатства, натрупани во замокот низ вековите, остануваат за него. На крај, седнати врз змејот, двајцата полетуваат низ просторот за да го обиколуваат светот.

Луѓето веруваат дека овие приказни се наменети пред сè за децата. Всушност, тоа се раскази за Посветените, а за да се протолкуваат е неопходно да се познава науката на симболите. Змејот не е ништо друго освен сексуалната сила. Замокот е човечкото тело. Во замокот се слушаат тажните воздишки на грабнатата принцеза, т.е. душата која што лошо управуваната сексуална сила ја држи во заложништво. Принцот е човечкото его и дух. Оружјата со кои што може да се победи змејот се средствата со коишто духот располага, а тоа се волјата, самоконтролата и умешноста да се владее и користи таа сила. Еднаш повладеана, таа сила се претвора во слуга на човека, во крилест ат за патување низ просторот. Бидејќи змејот има и крилја. Макар да е претставен со опашка на змија, симбол на подземните сили, тој има и крилја. Па, да! Таков е јазикот на симболите – јасен и прост.

Митот за Тесеј е една од варијантите на оваа авантура. Благодарение на клопчето конец дадено од Ариадна, Тесеј влегува во лавиринтот, го убива Минотаурот и го наоѓа патот за излез. Минотаурот е друга претстава за сексуалната сила. Моќен и плоден претставник на ниската природа, бикот може и треба да се впрегне за да ја ора земјата. Смислата на лавиринтот е еднаква со таа на замокот – сировото физичко тело, а Ариадна – возвишената душа, која што го води човека до победа.

Во еврејските и христијанските традиции го гледаме змејот во ликот на Ѓаволот, чиј што мирис е непријатен и смрди надалеку. Сите горива како бензин, гас, барут, различни запаливи смеси кои што предизвикуваат пожари и експлозии го претставуваат Змејот, блуејќи оган. Во секој човек се наоѓа по еден таков змеј, кој што може да се разбуди со соодветно гориво. Ако луѓето знаат како да си се служат со него, би можеле да летат нагоре, но ако поради несмасност, невнимателност и слабост не знаат, тие ќе изгорат и претворени во пепел ќе се распрснат во бездната.

oд Сексуалната сила или Крилестиот Змеј, Михаил Иванов