I.N.R.I. – Igne Natura Renovatur Integra

Светиот збор на степенот Крстот и розата (7` на Францускиот обред, 18 ` на Стариот и прифатен Шкотски обред). Тајниот збор – лозинка на 25` и светиот збор на 27` на истиот обред (Витез на бронзената змија и Голем командир на храмот).

Воедно и свет збор на степенот на Големиот избраник (Рагон). Larousse енцикопледијата ја дава дифиницијата за овој збор како: Натпис кој Пилат го ставил на крстот на Исус, формиран од иницијалите на латинскиот збор “Jezus Nazaretus Judaeorum”.

Во капитолите на Крстот на розата , скратеницата I.N.R.I. се смета за изгубениот и повторно пронајден збор, кој го открил Витезот на Истокот и Западот, во текот на своето долгогодишно патување низ Светата земја и истиот ја донел на Премудриот. Едно од можните толкувања е дека тие претставуваат замена за четирите букви за Јахве – Y.H.W.H. – толкувањет кое го добил во древниот Рим, како збор со кои се понижува Христос. Спак, какво и да е географското или семантичкото потекло на Божјото име (име на Богот на Израел) претставува збор со кои се означува Господарот на светот. Тој е чувар на правдата и неговата власт која се шири над сите народи и ја симболизира неговата целокупна моќ. Оттука, митското барање за името на Господ своето исполнување го пронаоѓа во појавата на овој збор (I.N.R.I.) Дали е тоа вистинскиот збор или збор кој се јавува како замена за неговото име, се прашања кои имаат свои симболички вредности.

Масоните овој збор го преведуваат како: “IGNE NATURA RENOVATUR INTEGRA”, што значи „СО ОГАН ПРИРОДАТА ЌЕ БИДЕ ВОЗОБНОВЕНА“. Можеби и не е така важно I.N.R.I. да се толкува во буквална смисла, но секако занимлив е ставот дека масоните можеле преку него да ја одржуваат симболиката на Христос, како една од најголемите вредности во Масонството. На овој тетраграм у се придаваат и други толкувања како на пр.:
– I(aminim) N(our) R (uach) I(ebschach) – хебрејски назив за четирите елементи (вода, огин, воздух и земја) – што доведува до некои херметички теории.
– Iustum Necere Reges Impios (оправдано е да се убијат безбожните кралеви)
– Indefesso nisu repellamus ignorantiam (Со неуморен труд да се победи незнаењето)
-во Хебрејската азбука овој тетраграм се трансформира во I.M.I. , а го означува изразот Iod-Memm- Iod”.
од Речникот на слободното ѕидарство, од Данијел Лугу – original: Dictionnaire de la franc-maçonnerie, Press Universitaires de Fance, 1987.

Leave a Reply