Wednesday, 19 October 5436

Залезот на Западот

Кога во бескрајното секогаш едно исто,

Повторувајќи се, вечно тече,

Илјадници облици на живиот свет

Силно во синџир ќе се врзат;

Струи сласт животна од сите нешта,

Од најмалата како и од најголемата ѕвезда,

И сето тоа туркање, сета таа борба,

Вечен е мир во Господа Бога

ГЕТЕ

За филозофијата на оваа книга благодарен сум на денес сè уште непознатата филозофија на Гете, па дури потоа, во многу помала мера, на филозофијата на Ниче. Сè уште не е разбрана положбата на Гете во западноевропската метафизика. Не го ни споменуваат кога зборуваат за филозофија. За несреќа, тој своето учење го нема оставено во крут систем; затоа систематичарите го превидуваат. Но тој бил филозоф. Спрема Кант ја зазема истата таа позиција која Платон ја имал кон Аристотел; а исто така е незгодна работа кога Платон сè сака да сведе на еден систем. Платон и Гете ја претставуваат филозофијата на настанувањето, Аристотел и Кант на она што настанало.

Божеството делува во она што е живо, а не во она што е мртво; тоа е во тоа што станува и се преобразува, а не во тоа што станало и што е неподвижно. Затоа и умот, во своето тежнеење кон божественото, се бави само со она што станува, живото, а разумот со она што станало, неподвижното, за да го искористува.

Oвој став ја содржи целата моја филозофија – Освалд Шпенглер

кликни на сликата за повеќе од авторот