Tuesday, 19 September 2017

Книга за светите тајни на Енох

Книгата за Енох е пишувана во облик на визија или апокалипса и која е прогласена за апокриф во V век н.е. кога почнале да се користат разни дуалистички учења. За овој апокриф се сметало дека го напишал самиот Енох кој бил седми човек од Адама, првиот човек на земјата спрема христијанската легенда. Во апокрифот Енох раскажува за својот пат по небото. Придружуван од небесните ангели Енох ги поминал седумтте неба каде го видел животот во рајот и во пеколот. Ангелите му ги покажале патиштата на сонцето и ѕвездите, го запознале со небесните достоинственици и му укажале на небесните ангели и го довеле пред господовиот престол. Самиот Бог му кажал на Енох како го создал светот и првиот човек и го запознал со своите намери во иднината.
Автографот на овој апокриф настанал во еврејската книжевност, откаде бил преведен на грчки, а потоа од византиската книжевност стигнал до нас. (Апокрифна литература)