Wednesday, 19 October 5272

“Вие Грците секогаш сте деца”

Современиците на Платон го исмевале, велејќи дека тој не бил изумителот на својата држава, туку дека копирал египетски институции. Тој им придавал толку големо значење на исмевачите, така што на Египет му ја припишал приказната за Атина и направил Атињаните да велат дека навистина живееле под овој режим во определен момент од минатото.

Во своите дијалози Тимај и Критија, Платон говорел за чудесата на изгубената цивилизација Атлантида и за нејзиниот страотен колапс. Постоела широко распространета, но само доцна потврдена традиција, дека Атина била основана од Кекроп од Египет, кој дошол од градот Саис од западната делта. Постоело и признавање дека Нуит, божицата на тој град, била иста како и Атена.

Во прочуениот пасус за митот на Атлантида, Платон му ја припишал на Критија следнава приказна:

Кога големиот атински законодавец Солон пристигнал во Саис во раниот 6ти век пне, кога Саис бил престолнина на Египет, кон него се однесувале како со роднина поради посебниот однос кој жителите на Саис го чувствувале кон оние од Атина. Дури му бил дозволен и разговор со египетски свештеници од повисок ранг. Еден од нив, откако го укорил Солон со прочуените зборови ‘Ох Солон, Солон, вие Грците секогаш сте деца’, продолжил да му кажува на Соолон дека божицата ја основала Атина пред Саис, а не спротивно. Тој му објаснил дека ваквото незнаење на Атињаните, како и општото грчко непознавање на сопственото минато, се должело на периодичното уништување на грчката култура од огнени и водени катастрофи, кои го избришале споменот за поранешната слава на Атина. Меѓутоа, во Египет, благодарејќи му на неговата поволна позиција, институциите биле зачувани.

Значи, според Платон, доколку некој сакал да им се врати на древните атински институции, тогаш тој морал да се сврти кон Египет. Колку подлабоко се оди кон вистинските хеленски корени, толку поблиску се стига до Египет. Платон, како и Сократ, бил уверен во колонизациите на Пелоп, Кадмо, Ајгипт и Данај, и изгледа го прифатиле ставот на Херодот дека варварите со себе донеле значаен културен багаж.