„Стефане, очи твои на длан мој”

Во 1292 година во централната населба во Овче Поле српскиот крал Милутин (1282 – 1321) ја обновил малата црква посветена на чудотворецот Свети Николај, која најверојатно била изградена на место на постар храм во 1130 година, во која подоцна спрема преданието Свети Никола му го повратил видот на Стефан Дечански и во неа Стефан се помирил со татко му Милутин.

Легендата за Стефан Дечански и неговото чудотворно излекување е сочувана, поетски е накитена и гласи:

Здружувајќи се со некои од велможите Стефан се обидел да го симне татка си од престолот. Милутин го задушил овој бунт уште во почетокот. Стефан се предал на татка си, но овој наредил да се окова и да се однесе во Скопје, каде бил ослепен, а потоа пратен во Цариград. На пат за Цариград минал низ Овче Поле. Во близина на денешната црква Свети Стефан кај градските гробишта, имало извор (бунар) од чија вода наводно Стефан се измил и прогледал. Во моментот кога прогледал бил свртен спрема север и месноста која ја видел била наречена Поглед.

Подоцна на местото каде Стефан прогледал била изградена црквата Свети Стефан, чиј ктитор бил тој. Всушност, Стефан Дечански сосема не го изгубил видот, за што криел додека бил жив Милутин.

Во црквата до Втората светска војна се чуваше една икона, која го претставува Свети Никола, како со рака му дава очи на Стефан Дечански со зборовите „Стефане очи твои на длан мој”.

Лазар Серафимов & Никола Ристевски

freska sveti nikola stefan decanski

 

Leave a Reply