Saturday, 19 August 2017

Повторното појавување на спекулативната масонерија

По реформацијата во Англија црковната архитектура практично престанала да биде дејност на еснафите, а оперативните ложи почнале да пропаѓаат, бидејќи нивната работа повеќе не била потребна. Но, додека реформацијата со тоа ја оштетила оперативната масонерија, таа ја оспособила Европа и за повторната појава на спекулативната уметност кај пошироката јавност. Еснафите отсекогаш прифаќале богати и влијателни заштитници и воопшто не било непознато воведувањето во ложите на теоретски масони. Некои ја порекнувале можноста за постоење на некаква спекулативна масонерија пред обновата, но спекулацијата била повеќе правило отколку исклучок кај сите еснафи, не само кај масонските, и во тоа побожно доба може да се види како работниците од сите занаети морализирале околу орудијата на нивната работа.

steps of freemasonry

Но, во периодот кога оперативната масонерија се наоѓала помеѓу врвот на својата моќ и вдахновение и обновата на спекулативната уметност на почетокот на осумнаесетиот век, постоел мрачен период во кој светлината на масонеријата, и на оперативната и на спекулативната, изгледала речиси изгасната. Многу од оперативните ложи ги загубиле речиси сите траги на ритуално делување и ги заборавиле традиционалните тајни на градење, исто како што ги заборавиле древните тајни на градежниот симболизам. Постоењето мал број записи кои се однесуваат на мистериската традиција кај многу од старите оперативни ложи, можеме да го припишеме на овој период на темнина и пропаст, како и на тоа што Старите не ги запишувале овие тајни, но, под водство на Големите тоа сепак било дефинитивно зачувано и од разни извори пренесено на нашиот модерен Занает.

– Freemasonry and its Ancient Mystic Rites, 1926, C.W.Leadbeater