Monday, 23 October 2017

Мамон – бог на богатството

Кога богомилите го слушаат Господа како во Евангелието ја раскажува приказната за двајцата си синови, тие расудуваат дека постариот син е Христос, а помалиот од нив кој го заблудил татка си – дека е ѓаволот. Самите го нарекоа Мамон (користољубиво богатство). Уште го нарекуваат создавач и подредувач на земните создателства и мислат дека тој им наредил на луѓето да се женат, да јадат месо и да пијат вино.

Едноставно, кога омаловажуваат се што е наше (христијанско), сами се издигнуваат на небото, а луѓето кои се женат и коишто живеат мирски – слуги на Мамон ги нарекуваат.

– од Беседа против Богомилите, Презвитер Козма