Еден разговор од редакцијата на ЛОЗА

Тајните друштва и организации се јавни, а имаат тајни ритуали (од кои што повеќето се објавени, но книгите се дебели за да ги читате). Она што е навистина тајно е работата на партиските комитети, таму се случиле многу обиди за решавање на човечки судбини. Не за џабе во “старо време” имало совет на старци кој одлучувал за општеството, па сè функционирало многу понормално и поприродно отколку сега. Меритократијата е…

(Почитувани, Ви пренесуваме транскрипт од еден разговор во нашата редакција. Доколку Ве заинтересира, ќе објавуваме по еден седмично. Ви БлагоДариме.)

Age of Aquarius-790-xxx

Чиракот: Дали оние кои нè владеат во последните 25 години се тие кои ги гледаме на телевизија и по митинзи, или нешто друго се случува во позадина?

Мајсторот: Како посветен во нашата древна организација, веќе треба да ти е добро познато дека ништо не е онака како што изгледа.

Чиракот: Значи, некој друг владее од длабока сенка?

Мајсторот: Од сенка или од кај што Сонцето гори, ќе дознаеш кога ќе треба.

Чиракот: Па, и двете најголеми партии се со помешано членство, далеку се и од социјалдемократија и од демохристијанство. Да разберам дека богаташите и во двата табора владеат со куклениов театар?

Мајсторот: И од сиромашниот има посиромашни, и од богатите има побогати.

Чиракот: Аха, значи неколкумина најбогати ги владеат оние шо се експонираат како богаташи?

Мајсторот: Така, а и тие неколкумина се владеени од сенка.

Чиракот: Длабок заговор?

Мајсторот: Не, туку ред во хаосот.

Чиракот: Да разберам дека власта никогаш нема да е во рацете на народот?

Мајсторот: (насмевка) Народот е аморфна маса која ретко гледа зад превезот, а често е соблазнета од умилкувањето на двата табора. Луѓето забораваат дека некои од денешните видни претставници порано биле на спротивната страна. Човек ретко се осмелува да си верува на сопствената перцепција, па затоа го водат како говедо на кланица.

Чиракот: Чаре?

Мајсторот: Какви се граѓаните, таква ќе е и државата. За да се ослободи, човек прво мора да го покаже она што го умее и знае, па да побара соодветен третман за нивото до кое што дошол.

Чиракот: Стравот е присутен повеќе од било кога. Да разберам дека луѓето треба да си ја побараат слободата?

Мајсторот: Прво треба да се свесни за она што умеат да го сработат, па да си побараат плата која одговара на задачите кои ги вршат и вложениот труд. Едни зимаат кредити и ги отплаќаат со децении, а други ограбуваат и за тоа или никогаш не одговараат или се казнети со само неколкугодишен затвор. Има разлика.

Чиракот: И да почнат да си ги бараат своите права, пак некој кој ни го виделе ни слушнале ќе ги владее оние најбогатите, кои владеат со богаташите што ги раководат политичките буџети…

Мајсторот: Визионерите и чуварите на бериќетот никогаш нема да тргнат против сопствениот народ, за разлика од оние кои материјалното го сметаат за моќ. Силата на тој мал круг на луѓе не доаѓа од материјалното богатство на оние кои им ги исполнуваат задачите, туку од духовната моќ и проширувањето на свеста кај луѓето. Напротив, ако народот покаже дека сака слобода, ние ќе му го отвориме патот кон совршенството…

Hand-of-the-mysteries

(продолжува)

1 Comment

  • […] читајте – Еден разговор од редакцијата на ЛОЗА […]

Leave a Reply