Wednesday, 22 November 2017

Древната Македонија во новиот светски поредок

Дали Македонците ќе дочекаат да живеат во вистински суверена и независна Република Македонија, во која што одлуките ќе бидат носени од народот, наместо од разно-разни експерти, аналитичари, политичари, странци, и слични фактори кои ни од далеку немаат ништо заедничко со вистинското битисување на Македонците? Ќе имаме ли доволно приходи, соодветни на трудот кој што сме го вложиле, за да не се плашиме за тоа што би било утре, туку би гледале кон следниот ден со надеж за поголема благодет и мирен и достоинствен живот? Ќе овозможи ли системот секој да го работи она за што има соодветно образование, умешност и искуство, или и понатаму ќе мислиме дека демократијата владее? Едно Н помеѓу о и к во зборот демократија ја променува целата смисла на зборот, па преоѓа во – демонкратија. Па, народе Македонски, дали ќе останеме свои на своето или ќе продолжиме да ја чуваме кубурата за “недај Боже”? А, до каде би стигнале како народ, раса и цивилизација, доколку можеме правилно да ги користиме ресурсите на мајка Македонија? Ќе исчезнеме ли со вителот на материјалистичкиот начин на живеење или ќе си ги послушаме душите, па ќе ја развиеме Републиката во вистински пример за новиот свет, исто како што многу генерации на нашите предци правеле пред години, векови и милениуми?

Дедо Варадин, ЛОЗА 2016

Flag-map_of_Macedonia_-_old

прочитајте го целиот текст – Демократија и демонкратија или меритократија и самоиздржливост? (клик)