Блиските искуства со смртта и алхемиската свадба

Смртта со смрт ја победи. Доживување на мистични искуства, незгоди и/ли катастрофи кои ни овозможиле блиска средба со смртта, овозможува проширување на нивото на свест, но и укажува колку таа е неизбежна, па ни текнува дека како што не можеме да избегаме од смртта, така тешко е и да побегнеме од животот. Прелажувањето на самите себе ги ублажува стравовите, но само на краток период, а го зголемува влијанието на потсвеста. Несвесното секогаш си наоѓа начин за да префрли информации во нашата свест, без разлика дали го сакаме или дозволуваме истото. Единственото нешто кое можеме да си го дозволиме без да влијаеме деструктивно на нашиот род и светот во кој битисуваме, е да живееме како што ни доликува и ни е дадено – да бидеме луѓе во вистинската смисла на зборот. Така старите Богомили го пренесувале знаењето – не преку лекции, предавања, читање на уроци од одбрани книги, туку преку однесувањето и начинот на живот на Совршените. Со својата појава, љубов, енергија, боја на глас, чистина на мислата, познавање на исконските чувства и потребата да се поттурне човештвото кон следната етапа, каде што ако сме доволно чесни би ни се укажала повторна шанса да се вратиме во древната Градина, Совршените Богомили со знаци на глуждовите на рацете го учеле народот преку сопствениот пример. Па, разбираме дека и не е важно колку луѓе сме, туку колку души ја почитуваме мистеријата наречена живот. Неговото Величество Живот може да остане некрунисан, ако не се случи алхемиското венчавање со Нејзиното Величество – Смртта. А без таа алхемиска свадба, не би можеле да влеземе во Царството Небесно.

Никола Ристевски, ЛОЗА 2016

solaris et lunaпрочитајте го целиот текст – Овоземскиот хаос и редот на Царството Небесно

Leave a Reply