Monday, 25 September 2017

Ако народот покаже дека сака слобода, ние ќе му го отвориме патот кон совршенството

Чиракот: Да разберам дека власта никогаш нема да е во рацете на народот?

Мајсторот: (насмевка) Народот е аморфна маса која ретко гледа зад превезот, а често е соблазнета од умилкувањето на двата табора. Луѓето забораваат дека некои од денешните видни претставници порано биле на спротивната страна. Човек ретко се осмелува да си верува на сопствената перцепција, па затоа го водат како говедо на кланица.

Чиракот: Чаре?

Мајсторот: Какви се граѓаните, таква ќе е и државата. За да се ослободи, човек прво мора да го покаже она што го умее и знае, па да побара соодветен третман за нивото до кое што дошол.

Чиракот: Стравот е присутен повеќе од било кога. Да разберам дека луѓето треба да си ја побараат слободата?

Мајсторот: Прво треба да се свесни за она што умеат да го сработат…

ancient illuminated seers of macedonia

читајте – Еден разговор од редакцијата на ЛОЗА