Monday, 20 November 2017

Раѓањето на Синот на Сонцето

Времето беше такво

и тогаш какво и сега,

Освен оваа земја македонска

и овој народ на земја

и ова сонце на небо

друга земја и друго сонце

немаше ни на небо ни на земја

ни семе ни корен ни плод.

Од Филипа и Олимпија тагувано

кога се роди детево Александар

од Бога дојде на свет.

Само плачот ќе да е наш

немаштијата и угрозата на Кралството

ќе да се наши

и Синот на Сонцето со нас

до на крај свет ќе да е наш.

И подалеку од Сонцето.

извор

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Радован Павловски – збирка Синот на Сонцето