Monday, 23 October 2017

Дедо Зафир: Народ ќе биде поделен – едни за Сл’нце, едни за месечина, едни за ѕвезди

Во 1924тата година, пред повеќе луѓе во Шопско Рударе, дедо Зафир кажал нешта кои подоцна, вака или онака – се оствариле.

Ќе дојде д’н русокосо момче ќе изваде човечко срце од човека, ќе га сошие и ќе га врате у мртав човек, он ќе презборе, у човеко има буква М. Народ ќе биде поделен – едни за Сл’нце, едни за месечина, едни за ѕвезди, нема да се поднасат, низ наше поле ќе врве народ ама од друга вера. Врата на наш манастир Свети Илија ќе се отворе па. Води ќе паѓат да се земја очисте. У наш крај ќе завладее зублеста жена, трома со белег на глава. Ќе сече и ќе пече, народ коса ќе скубе од нејни одлуки, на дете млеко од руки ќе га зима, а ќе удре и на побожно момче и нега ќе га закаче иако оно не е криво. Освета ќе му изврше, момчето побожно нема да попуште, а зублестата жена со крвави очи посебно у нега ќе упере очи, он ќе биде под стреа ќе се сокрива, а она упорно ќе га траже да му се одмазде, али ќе биде откриена од дете и ќе се отселе у град на вода, ќе живее сама и ќе плака дн и ноќ за тој што е направила. Ќе отиде у манастир да прае исповед, ќе биде пречекана од свештеник шо ќе и рече – нија со години те тебе чекамо. Кд ќе искоче од манастиро очи крвави од плачење ќе и бидат, ќе распродаде што е спечалила за да направе црква на раскрсје, ќе га сретне побожното момче и со испукана уста ќе му рече – опрости ми. Момчето ќе рече – ти ме јаде, али и ти ќе умираш и премираш и земја нема да те прима.

За жал, во тоа време немало кој да запише повеќе од она што го кажал дедо Зафир во неговата длабока старост. Сеуште е жив Тоде Петрушевски од село Димонци, кој се познавал лично со дедо Зафир. Собраните информации се од Стајка од Коњух, Стојан Драндуле Крсто од Шопско Рударе и Игнат Арсов од Чочевци, а запишани од Стевче Доневски. Дедо Зафир бил висок човек со слаб вид, кој ја открил црквата во Коњух. За него пишувал и тогашниот печат на кралството СХС, статијата се чува кај семејството Китановски во Кратово…

(продолжува)

подготвиле – Стевче Доневски & Никола Ристевски

Rembrandt_van_Rijn_-_Study_of_an_Old_Man_in_Profile_-_Google_Art_Project

повеќе за Кратовско на ЛОЗА (клик)