Thursday, 17 August 2017

Кога Александар Македонски се спуштал под вода

Пред многу години Роџер Бејкон – Doctor Mirabilis, запишал за начините на кои што човекот може безбедно да се спушта под вода. Во Тетратките на Леонардо да Винчи е опишан неговиот костум за нуркање, кој како и другите изуми на Леонардо бил многу инвентивен за времето во кое живеел. Но, дали луѓето успевале да нуркаат и многу поодамна?

Апаратот за нуркање на Леонардо да Винчи

Аристотел во “Problemata” ни раскажал една од многуте приказни за Александар Македонски. За време на опсадата на Тир, тој наредил нуркачите да ги уништат сите подводни одбранбени механизми на градот.

Според легендата, самиот Александар се спуштал под вода во стаклено ѕвоно за да ги набљудува операциите. Во “Alexandria” се споменува сличен податок, дека Александар нуркал во многу убаво направено буре, кое целосно било изработено од бело стакло…

17th-century Alexandrine novel (Russia)

Уште еден извор за нуркањето на Александар Македонски е оној од 1886та од Франција, каде е запишано дека уште на 11 годишна возраст Александар се спуштал под вода во стаклено ѕвоно. Ова ретко се споменува во денешните написи за Александар Македонски, но во средниот век било претставено во многу книги и уметнички дела.

Alexander is Lowered into the sea – Painting attributed to Mukunda from India, 16th century

German manuscript from 14th century

Alexander’s Diving Bell. From Johann Hartlieb, 15th century. Munich, Bayerische Staatsbibliothek

Miniature from 13th century

Le Livre et la vraye hystoire du bon roy Alixandre,15th century

Philippe le Bon’s version c. 15th century

The Old French prose Alexander’s Romance manuscript 1445

Underwater diving of Alexander the Great, painted by Flemish illuminator Jehan de Grise, 14th century

подготвил – Дедо Варадин, ЛОЗА