Thursday, 17 August 2017

Пропорциите на човечката фигура

На тригодишна возраст, секој човек ја има половината од вкупната височина што ќе ја добие подоцна.

Ногата е толку подолга од дланката колку што е дебелината на раката кај китката, каде што е најтенка, гледана одозгора.

Стапалото е толку подолго од дланката колку што е растојанието меѓу внатрешниот агол на малото прсте до последната издаденост на палецот на ногата, ако ги мериш по должината на стапалото.

Дланката без прстите се совпаѓа двапати во должината на стапалото без прстите. Ако ја држиш својата дланка со собрани прсти, ќе утврдиш дека таа е еднакво широка со најширокиот дел од стапалото, односно таму каде што се поврзува со прстите.

Растојанието од горниот агол на стапалото до соединувањето на прстите на ногата е еднакво на дланката од зглобот на китката до врвот на палецот.

Најмалата широчина на дланката е еднаква на најмалата широчина на стапалото и неговиот спој со ногата и со прстите.

Кога клечи, човекот губи една четвртина од својата височина.

Должината на стапалото од крајот на прстите до петицата влегува два пати во должината од петицата до коленото, каде што ножната коска fibula се поврзува со бутната коска femur.

Легнатиот човек е еднаков на една деветина од својата височина.

Дланката, од најдолгиот прст до зглобот на китката влегува четири пати од врвот на најдолгиот прст до зглобот на рамото.

Кои се мускулите, кои се разделуваат во старост или во младост кога ослабуваш? Кои се оние делови од екстремитетите на човечкото тело каде што никакво количество мрснотија не го прави месото подебело, ниту пак го намалува каква и да било слабост?

Седнатиот човек не може да се исправи ако оној дел од неговото тело што е пред неговата оска –центар на гравитација– не тежи повеќе од оној кој е зад таа оска.