Monday, 21 August 2017

Александар и бесмртната вода

Цар Александар сакаше да ходит да земит бесмртна вода. Но кој одеше, никој не се врашчаше назад; зашчо дури да стигнит некој до неа, требаше да патуват три дни се во ношна темнина, во… која љугето се заскитвеха и не можеха да се вратат на бел ден. Цар Александар зеде со себе си кобили и ждребина. Во темнината врза кобила; и в растојање шчо можит да се чует гласот, врза ждребе; потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до бесмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха. Тој со голема брзина нацрпи едно шише и по гласовите од кобилите и ждребината, кои ржеха, находваше патот и така се врати на бел ден. Шишето остави на прозорецот за да се напие утрината во недеља; и нарача на сестра му да вардит, да не некако истурит бесмртната вода. Сестра му метеешчем не догледа и скрши шишето. Цар Александар кога чу това, страшно се наљути, а сестра му, избегвеешчем љутината негова, се фрли в море и се престори делфин, кој, кога чует Александровото име, се криет во морските глобини.

До ден денес кога парабродите минуваат оттаму, плашејќи се да не ги преврти, луѓето од парабродите на сет глас викаат: “Жив е Цар Александар!”. Така ја плашат сестра му на Александар и таа бега од нив, а парабродите безбедно заминуваат.