Окото што гледа Сè

Во древните мистерии овој симбол упатува на погледот кој ги укинува времето и просторот. Тоа е симболот на голема видовитост. Мајсторот секогаш ја поседува оваа способност. Во Индија Севидливото Око било нарекувано Окото на Шива. Еѓипјаните го претставувале Озирис преку симболот на отворено око и таквиот хиероглиф го ставале во сите храмови.

Во ложата Севидливото Око го претставува Божјото сèзнаење – Окото кое никогаш не спие! Како и во древните мистерии, може уште да претставува и изострен вид.

– од Бревијар за Древното Братство, Јован Бригиски, КУЛТУРА

1 Comment

Leave a Reply