Saturday, 19 August 2017

АЕИОУ – Армакедон, Еон, Изменет, Отворен, Униние

АЕИОУ

vincic dze

Армакедон
Еон
Изменет
Отворен
Униние

Научив дека незнам
Запаметив да заборавам
Живеев а умирав
Уништив за да создадам

И слушнав молк
И вкусив крв
И допрев прв
И помирисав смрт

АЕИОУ
И видов огледало
Времето запре
Просторот исчезна

И би ден
И видов дека е лошо
И би ноќ
И видов дека е добро

Мракот е светлина
Светлината е лажна
Лагата прелестува
Прелеста буди

Будењето е несвесно
Во ноќите глуви

Воздивнувам
Созерцувам
При светлина умирам
Во мрак воскреснувам

АЕИОУ

И би ноќ
И видов дека е лошо
И би ден
И видов дека е добро

g kamen

илустрација – Гордана Винчич, цртеж на пајонска мермерна биста пронајдена во Македонија

стихови – Никола Ристевски, 2011

фотографија – Говедар камен, Овче Поле