Monday, 25 September 2017

Јавното мислење и тајните друштва

Загадочните слободни ѕидари, наречени масони, се наоѓаат насекаде по планетата. По осамостојувањето кај нас се регистрирани масонски ложи, кои официјално се занимаваат со дејности кои имаат за цел да помогнат на општеството во целина. Голем број политичари, бизнисмени, уметници, лекари, писатели, судии, адвокати, трговци, професори, членуваат во масонски ложи или парамасонски организации. Но, и помеѓу нив постојат недоразбирања, па така официјално постојат две големи масонски ложи, а јавноста не е запозната со бројот на големите ложи на парамасонските организации.

33

Уште од дамнина, членувањето во масонските ложи било дозволено само за мажи, но откако жените добиваат еднакви граѓански права, и тие можат да бидат дел од овие структури и организации. Соочени со разделбите, борбите за превласт и влијанијата на личното его и суета на голем број од посветените, имаме за право да се надеваме дека организациите во кои што членуваат и дами, можат повеќе да помогнат на општеството отколку оние во кои што членството се состои само од припадници на машкиот пол. Затоа што, со својата развиена десна хемисфера, жените и те како можат да повлијаат за подобра иднина на целото општество, а и да донесат ред онаму каде што мажите не умеат. Бидејќи во секој хаос постои скриен ред.

читај повеќе – Тајните друштва и јавното мислење