Tuesday, 21 November 2017

Тодорица во градот на Свети Никола – 2016 (фотографии)

Уште во далечната 1973 година градот на Свети Никола бил организатор на манифестацијата „Регионални фолклорни смотри“ која ги опфаќала општините од источниот регион со успешно презентирање на чистите вредности на македонската фолклорна ризница. Овој настан прерасна во препознатлив Меѓународен фестивал на изворен фолклор. Меѓународниот фестивал на изворен фолклор – Тодорица, кој се одржува континуирано секоја година континуирано во новиот милениум е поврзан со верскиот празник Тодорова сабота, стара традиција и голем празник за Светиниколчани. Во зачувувањето и негувањето на изворните фолклорни дејности најголем придонес имаат 40 културно уметничките друштва кои работеле и работат на територијата на општината. Посебно се издвојува фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“, кој работи во составот на Домот на културата. Овој ансамбл фолклорните вредности на овој крај ги претставува во континуитет повеќе од 40 години на разни фестивали во Македонија и надвор.

todorova-sabota-sveti-nikole3

И годинава градот на Свети Никола беше домаќин на повеќе културно – уметнички друштва од Македонија и соседните земји. Звуците од тапаните, зурлите, гајдите, народните песни и носии го одбележаа вчерашниот празник, а пред настапот во Домот на културата, играорците дефилираа низ центарот, градскиот парк и плоштадот. Традицијата која трае и со сигурност ќе продолжи ги потсетува повозрасните на времињата кога сеуште се носеле народни носии и се негувал изворниот македонски звук, а за младите претставува можност да се запознаат од поблизу со културата на нивните предци. Повеќе од еден век сабота е пазарен ден во градот на Свети Никола, па така од секогаш на овој празник Овчеполци и нивните гости се собирале во голем број, пееле песни и играле ора додека музичарите свиреле на народните инструменти.

20160319_100015 20160319_100020 20160319_100025 20160319_100032 20160319_100041 20160319_100051 20160319_100101 20160319_100105 20160319_100115 20160319_100121 20160319_100132

Светиниколчани се надеваат дека наскоро конечно ќе имаат можност да уживаат во повеќе културни настани, затоа што освен на празникот на Свети Никола Чудотворец и Тодоровата сабота, големите собири се вистинска реткост во ова мало градче. Летен Свети Никола во мај е вистинска прилика за да се збогати културниот живот во Овче Поле, а и да се оддаде почит на летниот празник на Чудотворецот. За многу години 🙂

20160319_100942 20160319_101727 20160319_101817 20160319_101833 20160319_101847 20160319_101915 20160319_101926 20160319_102137    20160319_102624 20160319_102644 20160319_102653 20160319_102700 20160319_102715 20160319_102727 20160319_102742 20160319_102750 20160319_102759 20160319_102806  20160319_102821 20160319_102847 20160319_102854 20160319_102905 20160319_102912 20160319_10301820160319_103021 20160319_103051 20160319_103127 20160319_103135 20160319_103210 20160319_103426 20160319_103430 20160319_103441 20160319_103527 20160319_103640 20160319_103643 20160319_103701  20160319_10382920160319_103944 20160319_104056 20160319_104109 20160319_104122 20160319_104127 20160319_104250 20160319_104308 20160319_104314 20160319_104324 20160319_104447 20160319_104458 20160319_104503 20160319_104507 20160319_104515 20160319_104518 20160319_104524 20160319_104530 20160319_104823 20160319_104846 20160319_104957 20160319_105007 20160319_105029 20160319_105051 20160319_105055 20160319_105143 20160319_105227 20160319_105251 20160319_105320 20160319_105411 20160319_105526 20160319_105531 20160319_105537 20160319_105541 20160319_105550 20160319_105555 20160319_105608 20160319_105951 20160319_105956 20160319_110005(1) 20160319_110005 20160319_110008 20160319_110436 20160319_110532 20160319_110545 20160319_11055520160319_110844 20160319_11061120160319_110647 20160319_110642

подготвил – Никола Ристевски