Sunday, 22 October 2017

Стадото овци, кучињата и македонскиот волк

За приликите во времето на Филип и Александар Македонски, можеме многу да дознаеме и доколку го набљудуваме делувањето на Демостен, водечкиот филозоф на градовите – држави од тој период. Познат по неговите Филипики, тој бил жесток противник на големото македонско кралство. Кога Александар пуштил абер за десет оратори од градовите – државички да дојдат на разговори во Македонија, Демостен почнал да предупредува дека треба да се пазат од младиот волк, затоа што е поопасен и од татко му, стариот волк. Во својот говор до избраните претставници кои требало да тргнат на разговори, нарекувајќи ги кучиња на стадото овци, вели дека Александар е македонскиот самотен волк – владетел.

читајте – Македонците и волкот

anubis macedon