Sunday, 22 October 2017

Семејството на Марко Цепенков

„Мнозина философи има гоедари и мнозина гоедари станале философи”.

Вака велат нашите стари. И вистина така си е, спроти како сум уценил мнозина мој пријатели и непријатели, а најпоеќе сум се чудил на татка ми, Бог да ми го прости.

Татко ми се викаше Коста Марко Цепенков. Дедо ми беше от село Ореоец Прилепско, и работеше самарџил’к во Прилеп. Деда ми јас не го зафтасаф. Татко ми прикажуаше за деда ми како му го клале прекорот цепенко. Еден неделен ден бил обуен со едни бели гаќи многу расцепени дури до газот и излегол на стрет село да играт со децата. Едно го виделе и му свикале: Марко цепенко, Марко цепенко и от тој ден беше му останало прекорот Цепенко. Дедо ми бил многу песнаџиа и бил многу гласоит. Коа ќе излезел да оди на с. Коњари, да венча или да крсти кај крштениците што и имал, коа ќе запеал една песна дури ф Коњари ќе се слушало и едно ќе чуеле крштениците, ќе излезеле на буниште да го пречекаат.
— „Деца, невести, излегујте да го пречекаме оти нункото иди!” Вака ќе си речеле крштениците и ќе
излезеле на буниште,, да го пречекаат. Коа ќе седнел на чесна трпеза, три дни и три ноќи, се кралски песни ќе му пеел на сфатоите или на гостите, спроти како да бил дено. Намногу села бил
дедо ми нунко, само и само дека знаел „турлибетурли” кралцќи песни и дека бил многу гласоит и друго, дека бил самарџиа, а пак и бил прф мајстор за самари праење, прочуен, и во Прилепско, и во Битолцко, и во Тикфешко, та секој одел при него да му напраисамар. Ете от тој себеп селаните го клаале нунко. Во мое знаење три села зафтасаф да сме нункои: Коњари, Кадиносело и Бела цркфа.

Дедо ми имаше четири синои, поголемио: Никола куменџиа работил во Прилеп, Коста татко ми еќим работеше насекаде, стреднио Ристе мајстор во Стамбол работеше, а најмалио Илче, чешлар работеше многу години во Софија, во Прилеп и најпосле во Крушоо. Имаше и три ќерки дедо ми, едната ја викаа Като, другата Маро и најмалата Дафо. Ката умре во Прилеп и јас не ја зафтасаф, а Мара и Дафа во Крушао и и зафтасав.

Само татко ми и Дафа беа песнарии, како татка си (деда ми), а друзите не беа толку многу. За тетка мн Дафина, че е била истинска песнариа, Наум слепио потвржда за Дафа, че од неа научил 160 песни. Да и остаам на една страна стричеи ми и тетки ми, Бог да ми и прости кај што починале и да прикажам нешто за моио ми мил татко, како започнал да живеи во детинстфо, во стредна доба и во старос, да дури умре на рацете мој и на от сестра ми во 1873 година, 20 ноември.

„До 15 години без гаќи сум одил синко, ми велеше, и арач не сум платил, а вие сега штом се роди
машко и плати му арачот. Тешко ви вам што исчекафте овој век!”

Близу до дваесе години коа дошол ни занаат ватил, ни па некоа работа. Само ќефои терал, на лоф
си одел, гусќи си запатил и со гусакот одел со друзи гусаци да се наттепуат. Такфие работи ти праел.
Еден неделен ден се качил на една црница да јади боболќи во Долна бафча и за пакос дошле арачиите, та седнале пот црницата и отфориле тефтерите да гледаат кој плати арачо и кој не платил.
Како ти седеле, седеле прибоди два саата, и никако не се опулиле горе на црница да го видат татка ми. Татко ми стоејќи на една гранка два три саати, му капнале нозете стоејќи и најпосле беше рипнал од црница долу и веднаш беше се испраил на нозе и трештил прао удолу. Рипнале двајцата арачии и му се пуштиле по него да го ваќаат:

„Стој бре ќерата, му велеле, да те видиме кој си ти!” Бре брате, ич ти стои татко, кога можел да бега како некој ствршен. Бегај, бегај. — „Еве ние те пишафме, ќе си го платиш арачот”.
„На, наа, арачо” — му помафтуал десната рака и бегал.

При се што не платил арач, ама малку како да се сетил, оти треба да биди домаќин и побарал некоа работа да вати. За стреќа тргнал зет му да оди ф планина да му бичи греди и штици на некој бег и татко ми нашол за мунасип да оди и тој бичкиџиа.

Ошол во планината Рамна бука и се настамениле тамо да работат. За првио и фторио ден имале леп од дома и на треќио веќе ќе започнале да варат бакрданик и да јадат. Сфариле бакрданик и го туриле на една мешина и му седнале да ручат. Каснал една топка от бакрданико и му се залепил
во непцата. Голтајќи ќе се удаел. Кај ти пусто видел и јал татко ми такоф бакрданик от ‘ржано брашно и посен. На часот беше станал од ручекот, ѓоа ќе одел на вода и си ошол дома. Видуајќи планината, се сетил дома да биди дрвар. Го молил зета си Смилета да му купи едно магаре и собрал уште дветри от бафчанџиите, та ти бил дрвар баеѓи време. Дури било лето арно му било, ама во зимно време голема мака му било. Остаил дрварл’ко и ти се сторил фурнаџиа. И вурнаџил’ко му се смачи, по време се сторил бакал. И от бакал’ко се остаил и мунасип нашол да оди на туѓина во Влашко, за да спечали многу пари ѓоамити…

од Автобиографијата на Марко Цепенков