Monday, 23 October 2017

Седна баба да вечера една еребица, една еребица

Седна баба да вечера
една еребица, една еребица.

Пак баба не јала, пак баба не пила.
Баба била злојазна,
пак се не најала, пак се не напила.

Втора вечер вечера
два ми летна галаба,
една еребица, една еребица.

Пак баба не јала, пак баба не пила.

Трета вечер вечера
три кокошки пржени, море,
два ми летна галаба,
една еребица, една еребица.

Пак баба не јала, пак баба не пила.

Четврта вечер вечера
четири овна калеша,
три кокошки пржени, море,
два ми летна галаба,
една еребица, една еребица.

Пак баба не јала, пак баба не пила.

Петта вечер вечера
пет ми крави јалови, море,
четири овна калеша,
три кокошки пржени, море,
два ми летна галаба,
една еребица, една еребица.

Пак баба не јала, пак баба не пила.

Шеста вечер вечера
шест камили грбави, море,
пет ми крави јалови, море,
четири овна калеша,
три кокошки пржени, море,
два ми летна галаба,
една еребица, една еребица.

Пак баба не јала, пак баба не пила.

Седма вечер испила
седум бочви со вино,
шест камили грбави,
пет ми крави јалови,
четири овна калеша,
три кокошки пржени, море,
два ми летна галаба,
една еребица, една еребица.

Пак баба не јала, пак баба не пила.
Баба била злојазна,
пак се не најала… еребици…
Едвам се натрескала.

'Portrait_of_an_Old_Woman'_by_Rembrandt,_1654,_Pushkin_Museum