Sunday, 20 October 9089

Пролетна рамноденица 2016

Првиот официјален ден на пролетта во северната хемисферa – пролетната рамноденица, е ден кога она што го дефинирале како “замислена земјина оска” стои мирно, сонцето изгрева точно на исток а заоѓа точно на географскиот запад. Equinox (рамноденица) доаѓа од латински и значи еднаква ноќ.

vernal-equinox-2016-march

Во сите древни култури ширум светот, ова е денот кога започнува пролетта, а многу традиции и празници се поврзани со промената на временските услови и будењето на природата. Пролетната и есенската рамноденица, заедно со летната долгоденица и зимската краткоденица се четири важни маркери за човечкиот живот во текот на годината. Од сега, па до есенската рамноденица, на северната хемисфера на планетата Земја денот ќе трае подолго, а времето ќе биде потопло. Во некои култури е зачувано и преданието дека на рамноденица земјата стои рамно, па затоа на овој ден јајце можело да стои исправено, без да паѓа.

1280px-Botticelli-primavera

Празникот Ксантика кај древните Македонци бил мистично празнување на будењето на пролетта, за што сведочат и древните извори кои ги споменуваат чудните ритуали на Македонците, несфатливи за нивните соседи во тоа време. Простувањето на себе, ближните и познатите било важно за да се исчисти човекот, но и земјата и природата од наталожената негативна енергија, за да пролетта донесе чистина, мир и бериќет.

Среќна пролет!

Дедо Варадин, ЛОЗА 2016

читајте повеќе

Пролетна рамноденица

Ксантика