Thursday, 26 September 6993

На сон ми доаѓаш како светица, со вода во дланките…

Илјада светла на твојот прозорец.
Илјада повици: дојди и потроши со нас
дел од себе, дел од твојот оган
Дојди и биди еден од градските кловнови

Подобро да останам
Зар воопшто некого познавам во овој град,
сем мојата грда девојка

Ако одам вечерва тие ќе сторат
сè што треба да ми биде досадно
Знам, залудно се трудам
да бидам среќен без љубов и без пари
Сè што останува е да се насмеам

Подобро да заспијам со некаква надеж
дека ќе дочекам бар едно утро
добро расположен

На сон ми доаѓаш како светица
со вода во дланките
и ми велиш да се напијам,
да го видам овој свет за последен пат,
да се помирам со сè
и да оздравам

Selene_and_Endymion_by_Ubaldo_Gandolfi