Tuesday, 21 November 2017

Народни поговорки и изреки од Кратовско (трет дел)

Паметан пишуе, а будала памте.
Ја дали знам ели не знам, има кој да каже.
Чирако не може да знае повеќе од мајсторо.
Капако на тенџерето не треба да зборе шо има од тенџерето.
Некој нагаѓа, некој погаѓа, а ов’j ни погаѓа ни нагаѓа.
Неможу да оцену дали си у владата или у главата.
Тај што те сака не е при тебе, тај што не те сака е при тебе.
И тупа секира сече месо.
Железни опинци скина до дек гу најде.
Стар бунар у двор има, а нов ќе копа.
Туѓи пари брое по цел д’н.
Нега га спињат мојте сламки, а не неговите греди.
Компир гледа, месо ваде.
Ќе га речеш у бандера ќе ударе, а он по жица ќе оде.
Мотиката гу дај на друг, нека разбива грутки.
Т’ј што е у нива ќе има, а т’ј што е под слива ќе нема.
кратово