Sunday, 22 October 2017

Кузман Шапкарев за Александар Македонски

Кирил Пенушлиски во своите Студии и прилози за македонскиот фолклор запишал: „Драгоцени информации за популарноста на Александар Македонски во нашиот фолклор оставиле нашите големи собирачи Кузман Шапкарев и Марко Цепенков. Така, Шапкарев кон кичевската приказна ‘Доброто (арното) никој пат не гинат‘, во која е вграден и мотивот за живата вода, во фуснота забележал: ‘Покојниот ми татко во детството наше ни раскажуваше многу прикаски, меѓу кои и некои за Марко Крале и за цар Александар – Александар Велики, во кои исто така се споменуваше живата вода што овие јунаци ја пиеле, та божем станувале бесмртни’“.