Thursday, 19 October 5600

Колку филмови се снимени во Овче Поле?

Овчеполската котлина со својата големина и убавина ги предизвикува не само посетителите и авантуристите, туку и е голема инспирација за режисерите на филмови. Овде се снимени повеќе дела од македонската кинематографија, а за селото Богословец луѓето знаат да кажат дека е најсниманото село во Македонија. Првиот филм што е снимен овде е “Ликвидатор”, на Столе Попов, кој ја прикажува судбината на стариот рудник за азбест. Најголемиот дел од приказната во “Црвениот коњ” на Стево Црвенковски е лоцирана и реализирана во и околу ова село. За филмот “Пред дождот” на Милчо Манчевски овде се снимени повеќе секвенци, а и значаен дел од филмот “Преку езерото” на Антонио Митриќевски е снимен баш овде. Тука се реализирани и неколку аматерски филмови, а теренот го испитувале и неколку странски филмски екипи. Во поново време, овде се снимени делови од “Tрето полувреме” на режисерот Дарко Митревски и “До Балчак” на Столе Попов.

dandandan

продолжува

подготвил – Дедо Варадин, ЛОЗА

Нова Македонија репортажа - Ататурк копнеел, но никогаш не дошол во Коџаџик
Бронзена фигура на постар крилат маж
Голема е човечката Душа
Слегувањето во пеколот
Распеани градови - Штип
Кузман Шапкарев за Александар Македонски
"Не ви го сакам виното, тук ви го сакам лудото..."
Поздрав од Свети Николе со неколку стари разгледници
Што крие огромниот геоглиф во Овче Поле?
Да сте живи и здрави и да живеете во мир и спокој, поздрав од редакцијата на ЛОЗА