Thursday, 21 September 2017

Вистина е дека кој има уши – ќе чуе, и кој има очи – ќе види

Иако дури и во денешниот наш јазик има сличности со прастариот санскрит, а и со она што го пишувале Македонците пред нашата ера, сведочиме дека сè повеќе се губат зборовите кои ги употребуваа нашите баби и дедовци пред само неколку децении. Многуте интернационализми, жаргони и сленгови, само ја потиснуваат убавината на македонскиот јазик, но сепак сеуште различните дијалекти воодушевуваат со својата автентичност и итрина. Сеуште кога нешто треба да остане видливо само за мал број на луѓе, се комуницира преку кодови, меѓу редови, или толку очебијно, што јасно го открива скриеното значење само за оној/онаа/оние за кој/која/кои е наменето, а за останатите слушатели и/ли читатели е само обичен муабет. Исто како и со знаењето, колку човек повеќе знае – толку повеќе не знае, е и со зборувањето – многу често кажаното на долго и широко може само да го уништи трансферот на вистината која тргнала да се пренесува, а нашите сетила ја прекршиле, па сенката од плотта го замрачила светлото на тоа што требало да засјае. Тајните говори, кодираните писма и криптираните пораки се карактеристика не само на тајните друштва и организации, туку и на Македонците кои живееле на овие простори. За да не зјапаме далеку во минатото, можеме да го земеме за пример тајниот говор на нашиот еснаф и писмата на Организацијата. Езотеричните кодови сеуште се присутни и забележливи, а јазикот ни останува единствено вистинско средство за израз на стварноста. Оти, уште во почетокот бил зборот. Па, додека преку зборувањето човек лесно може да избега од стварноста, поимањето и разбирањето на истата преку говорот може да ни ја зголеми свеста и да ни го разубави животот. Треба да сме БлагоДарни затоа што уште од почетокот сме БлагоСловени со Словото. Скиваш? Муклес.

Дедо Варадин, ЛОЗА 2016

IMG_20160331_112427

прочитајте го целиот текст – Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото (клик)