Sunday, 22 October 2017

Бесрамниот змеј од Овче Поле и последните дни

…топонимот Овче Поле, каде што доаѓа змејот што ќе ги уништи сите владетели до последното време, укажува на тоа дека авторот на текстот добро го знаел овој дел на Македонија.

https://media.giphy.com/media/LrbFswP0svXmU/giphy.gif

Видението на Исаија, соопштува за последните времиња и за тоа што ќе се случува со човечкиот род во последното поколение. Пророкот Исаија е избран од Бога меѓу пророците а потоа од ангел е однесен на набесниот свод. Таму тој гледа неред, но и ангел кој седи и пее. По долгите прошетки низ сите ангелски неба, Исаија признава дека му било убаво меѓу ангелите, но сепак сака да се врати назад од каде што дошол. За жал, заедно со исполнетата желба да се врати на земјата, морал да го донесе и пророштвото за судбината на последниот род на земјата.

А пророштвото требало да се исполни, притоа лавот да пасе со јагнето, мечката да живее заедно со волот, а евангелието да се проповеда меѓу човекојадци и крвопијци. Ова треба да го знаат царевите за да можат да му се спротивстават навреме на бесрамниот змеј. Змејот ќе ги фати сите велможи на дрвен сплав на реката наречена Таен рај. Таа река тече низ земјата што се нарекува Мезина земја. Ете така отприлика Исаија ја соопштува вистината за тоа што ќе се случува во последните времиња. Интересно е тоа што кога змејот ќе се симне од дрвениот сплав, ќе се сместел во местото наречено Овче Поле, а потоа ќе ги победи сите народи околу себе со големи битки во кои меѓусебе ќе загинат многумина. Кладенците ќе бидат полни со нивна крв…

(Тајната македонска книга за пропаста на светот)

читај – Видение на Исаија за последните дни

“Тогаш ќе тргнел бесрамниот змеј од Овче Поле за да го заврши последното време”

Силјан Штркот
Информатички период (1950-2010)
Како Свети Никола доби име за меѓународна употреба
Македонската револуција и слободното ѕидарство
Богомилизам - "Македонска Ренесанса"
Спомени на Иван Хаџи Николов 6
Кога децата почнале да учат на мајчин јазик (1852ра година)
Длабоко во ноќта двојката е мртва, распадлива бројка
Ве канам на промоција, да видите на лице место што и како пишувам (интервју со Благица Секулоска)
Македонска музика - Македонски документ 1 & 2