Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876

Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876
Александриската медицинска школа | ЛОЗА
Tuesday, 21 November 2017

Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876

Александриската медицинска школа

При својот поход кон исток, Александар Македонски, љубител и покровител на науката и убавите уметности, неминовно се соочил и со источната култура и не можел да остане индиферентен на културните придобивки од ова поднебје. Кога по освојувањето на Египет бил прогласен за фараон, тој веднаш заповедал да се изгради нова престолнина не неговото царство – Александрија. Големиот град набргу станал не само главен град, туку и културен и научен центар на целиот тогашен свет.

Александар во Египет се соочил и со традицијата на египетските храмови, но и со египетската наука. Поддржувајќи го развојот на научната мисла, ја основал прочуената Александриска школа, која брзо станува расадник на целокупната култура и наука на тогашниот свет. Меѓу највидните филозофи и научници во Александрија се споменуваат – Деметриј од Фолера, основач на Александриската школа, познатиот геометар и математичар Евклид, Аристарх и Ератострен – астрономи, Архимед и Херон – математичари и физичари, Птоломеј – генералот на Александар, кој бил географ и астроном, и голем број научници на чело со Херохил и Еризистрат, кои ги поставиле основите по анатомија и физиологија, а со тоа го унапредиле и развојот на медицината.

Значењето на Александриската медицинска школа е во тоа што ја спасила античката медицина од едновековното стагнирање предизвикано од појавата на догматизмот. Таа под влијание на медицинската мисла на Египет и на ориенталните азиски народи, успешно го продолжила развојот на натуралната, рационална научна медицина на Хипократ, со забележително дополнување на анатомските, физиолошките, хируршките и токсиколошките знаења.

По смртта на Александар, Александрија станува град со скоро милион жители и културно седиште на Птоломејската цивилизација. Библиотеката во Александрија имала преку 700.000 ракописни дела и им овозможила на 14.000 ученици од целиот антички свет да се здобијат со знаења и придобивки од најголемите умови на стариот век, во полето на науката, филозофијата и уметноста.

– од книгата Прилози за историјата на здравствената култура на Македонија, автор Mr Ph Боро Николовски, Македонско фармацевтско друштво 1995