Friday, 19 October 8306

Во Македонија има 16 видови змии, од кои три се отровни

Во Република Македонија живеат 16 видови змии, од кои три се отровни.

Во Македонија се забележани следните видови змии:

Научен назив Македонски назив Слика
Eryx jaculus степски удав или песочница
Степски удав
Dolichophis caspius жолт смок
Жолт смок
Hierophis gemonensis балкански смок
Балкански смок
Platyceps najadum тенок стрелец или змија-џитка
Тенок стрелец
Coronella austriaca планински смок
Планински смок
Zamenis longissimus шумски смок или Ескулапов смок
Шумски смок
Elaphe quatuorlineata ждрепка
Ждрепка
Zamenis situla леопардов смок
Леопардов смок
Malpolon monspessulanus длабочелен смок
Длабочелен смок
Natrix natrix белоушка
Белоушка
Natrix tesellata рибарка
Рибарка
Telescopus fallax мачја змија
Мачја змија
Typhlops vermicularis црвовидна змија
Црвовидна змија
Vipera ammodytes поскок или камењарка
Поскок
Vipera berus шарка, лутица или осојница
Шарка
Vipera ursinii остроглава шарка, остроглава осојница
Остроглава шарка

Македонија не е богата со различни видови змии. Само три вида отровни змии, десет вида смокови, еден вид црвовидна змија и еден степски удав, што е вид боа, можат да се сретнат во земјава. Поради малиот број видови, никој досега не се нафатил да специјализира на полето на херпетологијата, наука што ги изучува змиите.

Бранко Мицевски, професор по зоологија на ?рбетници на Природно-математичкиот факултет, вели дека едни од најопасните змии се отровниците поскокот, шарката и степската лутица, а од полуотровните се сретнуваат вдлабнаточелен и телескопус смок.

– На 1.500 метри надморска височина живее поскокот, на поголеми височини се појавуваат шарките, а само на Шар Планина може да се види степската лутица. Овие видови змии се специфични бидејќи имаат триаголна глава што е поголема од телото, за разлика од другите змии, на кои главата им е како врзана со телото. Поскокот има и специфично рокче на главата, а шарката и степската лутица се разликуваат по распоредот на лушпите на главата. На полуотровниците – вдлабнаточелен и телескопус смок – забите им се повнатре во вилицата и тие се отровни само за помалите животинки – објаснува Мицевски. Во Овчеполието живее и змијата степски удав, што е вид боа. Се храни со глувци и достигнува должина од 60 до 70 сантиметри.

Податотека:Eryx jaculus.jpg

– Степскиот удав е специфичен бидејќи е помускулест, односно месест. Кога ќе го лоцира пленот, оваа змија го обвиткува, го задушува и потоа го голта. Змијата живее во предели со степска клима – вели Мицевски.

Од водните змии може да се најдат речната, односно водна змија и белоушката.

– Речната се храни со риби, а белоушката со жаби. Тие змии не се отровни. Интересно е дека и да имаат отров, тоа не им помага многу во наоѓањето храна бидејќи рибите се едни од најотпорните животни на змиски отров – објаснува тој. Мицевски вели дека при каснување од змија, најдобро е човекот уште истиот ден да отиде во болница.

– Змискиот отров дејствува врз крвниот систем. Ги напаѓа крвните садови и дејствува на срцето. Ако неколку дена човекот на отиде во болница, поради разјадување на ткивото може да се гледаат и коските – вели тој и додава дека во земјава, поради малиот број видови змии, се увезуваат само моновалентни серуми. (Дневник)

Граѓаните што не знаат како да се справат со ваквиот безопасен вид влекачи можат да побараат помош од Зоолошката градина и да се јават на телефонот 3220-578, или од Македонското еколошко друштво на телефонскиот број 2402-774. За да не дојде до сериозни компликации, од Министерството за здравство до сите здравствени домови во земјата доставиле серуми против змиски отров. Деновиве, во некои електронски медиуми имаше информација дека петмина граѓани се каснати од змија и тие завршиле на Инфективна клиника.

“Појавувањето на змиите е вообичаено и нивната активација се случува напролет. Змиите хибернираат, не се активни од 15 октомври, а од 15 март до 1 април им е период на излегување, во зависност од тоа дали ноќните температури се под или над 8 Целзуисови степени. Овие влекачи, бидејќи немаат континуирана телесна топлина како луѓето, излегуваат на температура само ако е таа над 8 Ц степени. Оваа пролет излегуваат затоа што имавме ладен и влажен период и нивната хибернација се пролонгира. Кога излегуваат, веднаш се парат и интензивно се хранат. Нивното појавување е зголемено и поради тоа што се во потрага по храна, а се хранат со глувци. Но, не можеме да тврдиме дека во канцеларијата каде што е виден овој жолт смок имало глувци”, вели Богољуб Штерјоски, херпетолог и одговорен за терариумот на рептилите во Зоолошката градина во Скопје.

Познавачите на овие животни велат дека ваквите змии може да се појават меѓу луѓето, најчесто во населбите кои гравитираат околу реката Вардар. Нивното појавување оваа година е многу поголемо во споредба со лани. Скопјани се’ уште се сеќаваат на ланскиот настан кога се појави змија во една фризерница, а неодамна беше прегазен смок на улицата “Илинденска”. И за овој рептил беше констатирано дека најверојатно бил во потрага по храна и дека по се’ изгледа дошол од Градскиот парк и реката Вардар, места што се многу погодни за него.

Најчеста и најопасна отровница во земјава е европскиот поскок (Vipera ammodytes) е вид на змии од семејството лутици. Достигнува должина до 50-70 cm, исклучително ретко над 100 cm. Максималната должина на женските примероци е помала отколку на машките.

Главата е со триаголна форма и е покриена со мали нерамномерно распоредени снегулки.

На врвот на главата имаат специфичен израсток (“рогче”), по што многу лесно се препознава.

Таа се состои од 9-17 снегулки, наредени во 2, ретко 3 или 4, попречни линии. Рогчето достигнува должина од околу 5 mm и е меко и флексибилно. Кај јужните подвидове тоа стои исправена, додека кај V. a. ammodytes е легната напред. Опашката е многу кратка и завршува нагло, а последните 4-5 см имаат кадмиево жолта до зелена боја. По боја е светло кафена, сива. Јазикот обично е црн.

Машките имаат специфична дамка или V-образ белег во задниот дел на главата, што често се поврзува со појасот на грбот. Женските се со слична боја, но со помалку контрастни шари, и обично кај нив недостасува V-образот. Поскокот е активен претежно во текот на денот, во низините и при топло време – исто така и ноќе. Се храни главно со ситни цицачи и птици, помладите примероци – со гуштери. Понекогаш јаде и змии, вклучувајќи ги и други поскоци.

Поскокот е генерално летаргичен и не особено агресивен, ретко каса без значителна иритација. Може да реагира на различни начини – змијата да остане неподвижна, да избега или веднаш да се обиде да каса. Размножувањето се одвива меѓу април и почетокот на јуни, а малите се раѓаат во август-октомври. Тие се од 1 до 12, најчесто 4-8 на број, како при раѓањето должината им е 14-24 cm.

Отровот на поскоците е релативно токсичен, но се менува со текот на времето и кај различни популации. Симптомите кај укасаниот може да се случат веднаш – болка, оток и деколоризација, понекогаш вртоглавица и трпнење. Луѓето, како и глувците и птиците, реагираат брзо на отровот на поскокот. Гуштери се помалку погодени, а амфибиите дури можат да преживеат. Отровот на поскокот се користи за производство на противотров за каснувања од други европски отровни змии.

Податотека:Vipera berus (Marek Szczepanek).jpg

шарка

Податотека:Vipera ursinii macrops.jpg

остроглава шарка

Податотека:Vipera ammodytes 070901 1.jpg

поскок

Змија (науч. Serpentes) — безножно животно со долго, совитливо тело прекриено со лушпи кои се ќерамидесто наредени на него. Змиите спаѓаат во групата на влекачите. Се мисли дека змиите еволуирале од гуштерите, со кои делат многу заеднички карактеристики, а особено со т.н. безножни гуштери, кои имаат ситни и речиси незабележливи екстремитети. Но, за разлика од гуштерите, змиите имаат тенок расечен јазик, а кај нив отсуствува надворешно уво. Исто така, додека повеќето од гуштерите имаат подвижни очни капачиња кои периодично се затвораат за да ги заштитат и подмачкаат очите, змиите секогаш ги држат отворени своите очи кои се заштитени со мигателна ципа (неподвижна, проѕирна лушпа).

Како и сите влекачи, змиите се ладнокрвни (ектотермни), што значи дека неможат да произведат своја телесна топлина. Затоа, тие зависат од Сонцето за да ја регулираат телесната температура. Бидејќи метаболизмот не игра улога при терморегулацијата, овие животни можат да преживеат со многу сиромашна исхрана. Некои чекаат со месеци помеѓу последователните оброци, а неколку видови можат да преживеат јадејќи само еднаш или двапати во годината. Кога јадат, змиите целосно го голтаат пленот и не го разгризуваат. Многу змии поседуваат специјализирани вилици со кои можат да проголтаат животни кои се многу поголеми од нивните глави на тој начин што долната вилица има способност да се раздели и да го зголеми усниот отвор и повторно да се склопи. Набљудувањата извршени на африканскиот карпест питон укажуваат на тоа дека овој вид на змија може да изеде животни големи колку антилопа или помала крава.

Со преку 2500 опишани видови што припаѓаат на повеќе од 10 фамилии, змиите се голема и успешна група. Успехот во опстанокот се должи на нивната прилагодливост, што се огледува во тоа што змиите живеат во живеалишта како подземни дупки, врвовите на крошните од дрвата, како и во океанските длабочини до 150 м. Најдени се на секој континент, освен на Антарктикот. Места без змии во светот се и изолираните острови, како Ирска и Нов Зеланд. (wiki)